Нема бргу да продолжи реконструкцијата на опожарената Универзална сала

Трет ден трае увидот на опожарената Универзална сала, а одредени дејствија започнала и градежната инспекција, кусо брифираат од Јавното обвинителство за Телма. Брифинг се одржа и во Mинистерството за култура.



Од компанијата „ЕОС“, која го врши надзорот на реконструкцијата на објектот, кажаа дека активностите нема да продолжат бргу како што првично беше најавено од ресорот Култура. Според нив, тоа ќе зависи од динамиката на истрагата, од вештачењето за причините за пожарот, и додека не се утврди дали има оштетувања на новата челична конструкција, поставена во првата фаза од обновата.

Според Макаровски, во пожарот биле опфатени и делови од внатрешноста на Универзална кои требало да се реконструираат во втората фаза.

За оваа фаза е распишан тендер за јавна набавка, но договор не е потпишан сѐ уште со ниедна компанија. А, таа што ќе го добие тендерот, ќе има обврска да ги демонтира оштетените делови.

Изведувачи на првата фаза од реконструкцијата на скопскиот симбол на солидарноста се компаниите „Универзал – Балкан “ од Скопје и „Актива“ од Штип. Лазар Арсовски кој е еден од сопствениците, на нашето прашање, дали огнот им ја олеснил работата за да го извадат градежниот шут, одговори дека уште во 2021 кога започнала реконструкцијата, ги извадиле вредните предмети, резервоарот со нафта и трафостаницата, а до пожарот бил складиран или отстранет 70% од отпадот.

Тој повтори дека во пожарот изгореле старите материјали кои требало да се извадат, за кои покажа фотографии како изгледале пред да пламне објектот, и рече дека огнената стихија им ја отежнала работата.

Целиот текст протичајте го тука.