Прашањето го поставува порталот „Независен“ во редакциски коментар насловен „Кого ќе спасува Курти во Македонија – Африм Гаши или Вјоса Османи“? во кој се констатира дека косовскиот премиер ќе има ќе има тешка задача во Македонија во очекување тој да го расчистува инцидентот во кој беше инволвирана косовската претседателка Вјоса Османи.



„Независен“ потсетува дека посетата била договорена претходно, а инцидентот го стави во ситуација „да поправа место да поентира“ со унапредување на односите со нашата.

„Средбата денес на Курти со Мицкоски всушност ќе покаже дали има и која е политичката заднина на овој инцидент, освен претседателската суета на Вјоса Османи и нејзините блиски релации со ДУИ, наспроти релациите на Курти со ‘ВРЕДИ’“, пишува порталот.

„Со оглед на тоа дека разговорите ќе бидат зад затворена врата и на јавноста веројатно ќе ѝ се сервира малку од тоа, очекувањата се дека средбата на Курти со премиерот Христијан Мицкоски ќе стави крај на оваа епизода, а ако зад неа има поширока заднина, да ги однесе во друг правец односите со Приштина од тоа што го гледавме досега.

Поради големиот процент на албанско население во земјата македонските влади од осамостојувањето прогледуваа низ прсти, т.е. ги толерираа екцесите и патронатското однесување на некои косовски политичари во земјата, а инцидентот со претседателката Османи најверојатно ќе биде првата порака дека таа соработка нема веќе да биде на штета на Македонија и дека присуството на „ВРЕДИ“ во власта со нивните нонсенс политички идеи, како таа за академијата, не значи дека косовските политичари можат да се однесуваат во нашата држава како да им е резервна’, пишува „Независен“.