За 20 дена во етерот, на ТВ Сител се појавува серијата за која подолго се зборуваше во филмските и драмските кулоари. Според екипата, амбиентот, тензијата од трејлерот, тоа ќе биде вистинско освежување на нашите екрани. Серијата е предвидена да има 45 епизоди, а во главната улога е Никола Ристановски кој го игра Доктор Терзиев.