Пратениците денеска го изгласаа и Законот за амнестија кој предвидува давање можност за ресоцијализација за осудените лица.
По стапувањето во сила на Законот, за кој 58 пратеници гласа „за”, еден бепше „воздржан” и нути еден „против”, треба да бидат ослободени од издржување казна затвор околу 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци.
На други 3.097 лица затворската казна ќе им биде намалена за една третина, попрецизно а 30 проценти.
Законот не предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело убиство, кривични дела против избори и гласање, кривични дела против половата слобода и половиот морал како и за кривичние дела против човечноста и меѓународното право…




