На Мицотакис нема да му се допадне кого Трамп предлага за амбасадор на САД во Атина

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предлага Ким Џилфојл, партнерката на синот Трамп Џуниор, за амбасадорка во Грција.



Џилфојл е водител на емисија која се емитува на најбрзо растечката социјална видео мрежа “Rumble” која имаше клучна улога во кампањата во која Трамп победи за претседател.

Сопственик на Рамбл е Македонецот Крис Павловски кој веднаш на социјалната мрежа Х поранешен Твитер и честиташе на кандидатката за амбасадор во Атина.

,,Чест ми е што ја прифаќам номинацијата на претседателот Трамп да бидам следен амбасадор во Грција и со нетрпение очекувам да ја добијам поддршката од Сенатот на САД.

Историската победа на претседателот Трамп носи надеж и оптимизам за американскиот народ и за слободољубивите сојузници ширум светот.

Демократските вредности родени во Грција беа тие што помогнаа во формирањето на Америка.

И сега, имаме можност да ја почитуваме таа историја со тоа што ќе донесеме подобри денови овде дома и во странство.

Како амбасадор, со нетрпение очекувам да ја исполнам агендата на Трамп, да ги поддржам нашите грчки сојузници и да воведеме нова ера на мир и просперитет”, напиша Џилфојл по номинацијата.

,,Честитки до мојота добра пријателка Ким Џилфојл која беше именувана за амбасадор на САД во Грција”, стои во честитката на Крис Павловски до идната амабсадорка на САД во Грција.

Џилфојл за својата позиција формално треба да биде одобрена од Сенатот на САД.