Специјализираната вебстраница за ракомет „Хендбол планет“ очекува Македонија да го освои 22. место во конкуренција на 32 машки репрезентации што од денеска до 2 февруари ќе настапат на 29. Светско првенство во Хрватска, Норвешка и Данска.
Тоа подразбира пласман во втората фаза како една од трите најуспешни селекции во групата Д во Вараждин со Унгарија, против која „црвено-жолтите“ ќе стартуваат утревечер од 20:30 часот, потоа со Холандија на 17 јануари од 18 ч. и два дена подоцна во истиот термин со дебитантот Гвинеја.
Прогнозираното 22. место значи дека избраниците на селекторот Кирил Лазаров нема да се пробијат до четвртфиналето од групата во втората фаза, во којa ќе вкрстат со трите најдобри од групата Ц во која се Франција, Австрија, Катар и Кувајт.
Кнечниот пласман на претстојното СП според предвидувањето на „Хендбол планет“: 1. Данска, 2. Франција, 3. Германија., 4. Хрватска, 5. Норвешка, 6. Шведска, 7. Египет, 8. Унгарија, 9. Шпанија, 10. Словенија, 11. Чешка, 12. Холандија, 13. Португалија, 14. Исланд, 15. Полска, 16. Катар, 17. Австрија, 18. Јапонија, 19. Италија, 20. Бахреин, 21. Бразил, 22. Македонија, 23. Тунис, 24. Зеленортски Острови, 25. Швајцарија, 26. Аргентина, 27. Алжир, 28. Чиле, 29. Кувајт, 30. САД, 31. Куба и 32. Гвинеја.





