„Дали молчешкум гледаме во цунамито на нацизмот, пардон, национализмот“, прашува новинарот Зоран Бојаровски кој препозна провокација која, според него, можела да доведе до сериозен инцидент на промоцијата на новите полицајци деновиве кој на свечениот чин – запеаја.
508 полицајци го поздравија Тошковски со песната „Бисер Балкански“
„Медиумите како да се одушевени од тоа што новите полицајци на промоцијата „громогласно“ ја запеаја „Бисер балкански“ и никој, вели Бојаровски, не ги поставува овие прашања:
1. Зарем навистина „во чест на Тошковски“ ја пееја таа песна? Кој ги поттикнал? Дали ВМРО на голема врата се врати во МВРО?
Еве го одговорот за кој треба еден или два телефонски разговора за да ги потврдите информациите од два извора. Според извори на Рацин.мк во МВР, за овој чин биле „врбувани“ десетина питомци од новата генерација полицајци на кои им сугерирале да ја запеат песната кога на црвениот тепих ќе се појави министерот Тошковски. И тие така постапија. Песната по инерција, веројатно ја прифатиле и уште еден дел од новопромовираните полицајци, но нема сомневање дека станува збор за претходно договрено сценарио. Само наивен може да верува дека сето тоа било спонтано.
2. Дали сите 508 нови полицајци се Македонци?
Не, меѓу нив има сериозна бројка припадници на другите етнички заедници – Албанци, Роми, Турци, Власи и други. На таа избалансираност се внимаваше во последните седум години, особено.
3. Има ли меѓу нив Албанци, Турци, Роми? Како се чувствуваа тие кога се пееше „сплоти ти егејски со бистри води вардарски“?
Само можете да замислите како се чувствувале на тој „спонтанитет“.
Само чудо, или Господ, кој како сака, спречи поголем инцидент“ констатира новинарот во текст објавен на порталот „Рацин“….






