Професорката Мирјана Најчевска со реакција откако медиуми, според неа, погрешно ја поротолкувале нејзината објава дека МАНУ треба да го смени името во „Академија на науки и уметности на Северна Македонија“.
Најчевска бара МАНУ да додаде „северна“ во името
„Не знам на кој јазик зборувам, ама очигледно е различен од тој на новинарите.
Не, не барам МАНУ да додаде северна, туку сметам дека Академијата на науки треба да биде Академија на Северна Македонија а не македонска.
И немој да ми продавате пуфки и да ми тврдите дека македонска е поширока од етничкото значење.
Кога се пее Македонско девојче тоа може да биде од било која етничка заедница во Македонија или само од македонската?
Значи, мора да се раздели етничката припадност од она што претставуваат институции на државата во мултикултурна држава како што е Македонија, вели Најчевска и додава:
„Во спротивно секоја етничка заедница ќе бара своја академија на науките.
Значи или е институција на државата или е етнички определена институција.
Не може две во едно.
Јас сум етничка Македонка, а Академијата на науките е академија на Република Северна Македонија“, пишува Најчевска во објава на социјалните мрежи.






