Најнова грчка мантра: Егејските Македонци се Билингвални Грци што пеат словенски песни (ВИДЕО)

Според најновата грчка мантра односно манипулација Македонците во Егејска Македонија или Северна Грција не се ништо друго освен Грци што знаат два јазици и пеат словенски песни.



Тезата што порано можеше да се чуе и од официјални лица се повеќе се шири низ социјалните мрежи.

Во тезата се признава дека овие луѓе во Егејска Македонија зборуваат на јазик поинаков од грчкиот ама не се ништо друго освен Грци.

Еден од тие што ја шират оваа теза кој го користи името на првиот грчки премиер инаку Русин по националност, егејските Македонци ги нарекува Билингвални Грци.

,,Еве ги двојазичните Грци од регионот Македонија во Грција, славофоните, кои танцуваат и уживаат во своето време. Имаме скопјани кои велат дека се злоупотребени и заплашени, но од ова видео не гледам никакво заплашување од нивните сограѓани Грци. Фактите се поважни од пропагандата”, пишува профилот кон споделува и видео од Панаѓур на кои Македонците играат оро на македонска музика и пеат на македонски јазик.

Какви наводни Словени се луѓето за кои зборува профилот не кажува.

Линк до видеото на кое пишува Македонски Мерак на грчки јазик

https://x.com/IoannisKapo1/status/1934995702268228052?s=19