Најмалку 1002 загинати и 2376 повредени во земјотресот во Мијанмар – Американскиот геоинститут процени дека може да има над 10 илјади мртви

Бројот на загинати во вчерашниот катастрофален земјотрес со сила од 7,7 рихтерови степени во азиската држава Мијанмар се зголеми на најмалку 1.002, а 2.376 луѓе се повредени, објави денес утрово државната телевизија на Мијанмар. Бројките беа за ‘сите подрачја погодени од земјотресот на национално ниво’, наведе оваа телевизија. Тајланд се обидува да ги спаси затрупаните работници во својот главен град Бангкок. Знаци на живот од 15 луѓе откриени под урнатините на зграда во Бангкок. Овие информации утрово, на 29 март 2025 година ги објави американската телевизија Си-Ен-Ен.

ТВ си-Ен-Ен натаму известува: Смртоносниот земјотрес го погоди градот Мандалај во Мијанмар и го потресе соседен Тајланд. Земјотресот беше најголемиот, што го погоди Мијанмар во повеќе од еден век. Американскиот геолошки институт процени дека бројот на загинати може да надмине 10.000.

Пристигнува странска помош: џиновските соседи на Мијанмар Кина и Индија испратија тимови да помогнат во спасувачките напори. Кинески тим беше првата меѓународна спасувачка група, која пристигна во земјата во денес изутринава, според државните медиуми. Индискиот министер за надворешни работи рече дека Њу Делхи испратил спасувачки и медицински тим заедно со итна хуманитарна помош.

Се пребаруваат урнатини во Бангкок, во Тајланд: земјотресот предизвика уривање згради, оддалечени стотици милји. Најмалку 10 лица загинаа во главниот град на Тајланд, а властите се тркаат со времето, заради ослободување повеќе од 100 други, за кои се верува дека се затрупани под урнатините на висококатница, што е во изградба.

Ова се големи предизвици за одговор при катастрофи за Мијанмар, една од најсиромашните нации во Азија, која закрепнува од граѓанска војна, предизвикана од воениот удар во 2021 година. Слабата инфраструктура го прави Мијанмар неопремен за справување со големи природни катастрофи. Хуманитарните групи рекоа дека прекините на комуникацијата и оштетените патишта се предизвик да се дојде до луѓето, на кои им е потребна помош.