Најмалку единаесет лица загинаа во пукање во училиште во Оребро, Шведска, соопшти полицијата доцна синоќа.
Меѓу загинатите има и осомничен за нападот кој претходно и бил непознат на полицијата, јави Би-Би-Си.
„Ова е ужасен и невиден настан“, рече Роберто Еид Форест, началник на полицијата во Оребро.
„Досега имаме единаесет потврдени мртви. Но, бројот на повредени и нивната состојба се уште се нејасни. Не можеме да ја исклучиме можноста да има повеќе“, изјави портпаролот на полицијата.
„Ништо што досега излезе на виделина не сугерира дека има некаков идеолошки мотив“, рече Матес Торн од регионалната полиција.
Нападот се случил во училиште за образование на возрасни. Полицијата не можеше да каже дали жртвите се студенти или професори. Меѓу загинатите е и осомничениот, за кој се верува дека дејствувал сам.
„Сторителот претходно не и е познат на полицијата и нема врски со ниту една банда“, изјави доцна синоќа Роберто Еид Форест.





