Најмалку 10 загинати во Лос Анџелес, пожарите оставија пустош

Бројот на загинати во шумските пожари во областа на Лос Анџелес се искачи на најмалку десет лица, соопштија службите за итни случаи.



Жртвите се уште не се идентификувани.

Пожарите продолжуваат да беснеат со полна сила. Според извештаите на медиумите, околу 15.000 згради веќе се целосно уништени.

Изгледа како „нуклеарна бомба експлодирала во овие области“, рече шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна за ситуацијата во погодените области.

Пожарите се уште се надвор од контрола. Повеќе од 5.300 домови изгореле само во населбата Палисадс на Пацификот од вторникот.

Пожарот во Пасадена досега уништи или оштети околу 4.000 до 5.000 згради, вклучително и домови за едно семејство, станбени згради и комерцијални имоти, изјави началникот на пожарникарите во округот Лос Анџелес, Ентони Мароне.

Претходно, претседателот на Џо Бајден, изјави дека му наложил на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом и на локалните власти да „не штедат средства“ за да ги локализираат пожарите во Лос Анџелес.