По првичните вести дека еден од најпочитуваните, па и најскапи дефанзивци во светскиот фудбал во моментов, Леонардо Бонучи ќе го напушти Јувентус се огласи неговиот менаџер кој потврдува дека Старата Дама најверојатно останува без столбот на сите успеси од последниот период.
“Работиме на продажбата на Лео”, изјави агентот Алесандро Луција.
Тој не зборува дали е во прашање Милан или некој од останатите европски гиганти кои го сакаат 30. годишниот дефанзивец, а списокот е подолг и импресивен: Барселона, Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Сити. Цената на Бонучи е 50 милиони евра.





