Началници на МВР на политички митинг на ДУИ – Каква порака испраќа Груби пред избори?

Активисти на коалицијата ВРЕДИ (VLEN) смета дека вицепремиерот и висок функционер на ДУИ Артан Груби се обидува да испрати симболички закани за насилство пред и за време на изборите.



Како доказ за своите тези тие посочуваат на снимката која Груби ја објавува од партиски собир на кој тој се слика со двајца началници во МВР.

Според законот припадници на МВР не смеат да имаат политички активности поради што ним им се заканува дисциплинска постапка во МВР.

Пораката од ДУИ до јавноста според активистите на ВРЕДИ е дека за ДУИ законот не важи и дека голем дел од полицијата е на страна на партијата.

Како што пренесува порталот Индекс кој е близок на Груби тој со специјална „облека“ во Гостивар се слика со двајца началници.

Еден од тие со кои се сликал Груби е Ардит Џафери полициски началник и внук на Талат Џафери.

Вториот е полициски советник и екс заменик директор на УБК и АНБ.

Двајцата не смеат да бидат дел од политички митинзи.

Своевремено Мендух Тачи зборуваше за изборна касапана што означува синоним за изборно насилство.