Националната арена „Тодор проески“ ќе блесне во полн сјај за натпреварот со Велс од второто коло од квалификациите за Светското првенство 2026, закажан за 25 март од 20:45 часот, најави Фудбалската федерација на Македонија.



„Секое столче, секој агол. Националната арена во полн сјај! ФФМ ги светна столчињата, ги исчисти трибините, го средува теренот… промените се случуваат!“, порача ФФМ во објавата на Фејсбук поткрепена со видео на линкот.

За дуелот со Велшаните владее голем интерес, за што зборуваат над 5.000 досега продадени влезници, како и најавените 2.000 гостински навивачи.

Три дена претходно од 15 ч. избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги почнат квалификациите против Лихтенштајн во Вадуц.