Инцидент од сериозни размери предизвика гледач на турнирот во Бастад кога влезе во теренот, го прекина мечот на шпанските тенисери Фернандо Вердаско и Давид Ферер и извика “Hell Seger” што е шведска варијанта на “Sieg Heil” поздравот на фашистичкиот лидер од Втората Светска војна, Адолф Хитлер. Патем одеше и подигањето на раката. Гледачите го исвиркаа, а полицијата го изнесе, но факт е дека шведскиот нацист си ја исполни намерата.



https://youtu.be/jEGjyA1b9eQ