Утре во Скопје се одржува Собранието на Кошаркарската федерација на Македонија на кое на испит ќе биде местото претседател на организацијата. Петар Наумовски е разнишан и може да биде сменет иако во прашање е само редовно собрание и според актите не мора да се гласа за претседател. Расположението е тешко да се одреди, но се поизвесно е дека највисокиот форум во нашата кошарка ќе има доволно пратеници кои ќе бидат расположени да го „исфрлат“ Наумовски и да изберат нов лидер.
Деновиве се споменува Влатко Илиевски како главен противкандидат, но кошаркарските кулоари деновиве велат дека кампања води и еден поранешен претседател. Се е за сега неизвесно. И дали ќе имаме нов претседател на МКФ, или дали ќе дојде до гласање, па и тоа кој ќе добие најголема поддршка ако дојде до него.
Редовното годишно Собрание на МКФ е закажано за утре попладне.