Насуфи: Бесмислено е Ахмети да се повикува на легитимитет по Рамковниот, за да биде во владата, изборите одредија за тоа!

„ДУИ мора да сфати дека коалицијата Вреди има легитимитет во власта има легитимитет, но и легалитет, законитост, или правна основа. Не постои недостиг ниту на легитимитет, ниту на легалитет, законитост во формирањето на Владата на Мицкоски. Легитимитетот, на кој се повикуваат ДУИ и Али Ахмети, за да бидат на власт, не е во согласност со содржината на Охридскиот договор. Охридскиот договор на ниеден начин, или форма, не го третираше формирањето на владата, нејзината структура, или со кого ќе се формира партнерство.“ – нагласува Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда од редовите на Демократската партија на Албанците, во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



Покрај другото, Насуфи пишува:  Неточни се и некоректни шпекулациите дека ангажманот на американскиот професор Пол Вилијамс и Охридскиот рамковен договор треба да им помогнат на Али Ахмети и на ДУИ да ја заменат коалицијата Вреди во власта. ДУИ мора да сфати дека коалицијата Вреди има легитимитет во власта има легитимитет, но и легалитет, законитост, или правна основа.

Вреди беше учесник на парламентарните избори со успешен епилог, а Мицкоски како мандатар  го искористи правото да ја избере Вреди во владината коалиција, исто како што можеше да направи и со ДУИ од друга страна. Значи, не постои недостиг ниту на легитимитет, ниту на легалитет, законитост во формирањето на Владата на Мицкоски.

Охридскиот рамковен договор е изграден врз пет основни столба, за да се унапреди политичко-етничкиот статус на Албанците во МВ. Легитимитетот, на кој се повикуваат ДУИ и Али Ахмети, за да бидат на власт, не е во согласност со содржината на Охридскиот договор, ниту со смислата на зборот легитимитет. Охридскиот договор на ниеден начин, или форма, не го третираше формирањето на владата, нејзината структура, или со кого ќе се формира партнерство.

Во сиот демократски свет формирањето на владата е резултат на избори, определување на мандатарот и на гарантирањето на формирањето и функционирањето на владата. Ова се стандарди усогласени во Европа и пошироко.

Бесмислено и неприродно е ДУИ да се повикува на законитост, или легитимитет според Охридскиот рамковен договор, за да биде дел од владата. ДУИ заборава дека ова не е точно. Но, владеењето со * Македонија е неодбежно да биде албанско-македонско и тоа е секако легитимно, бидејќи одразува еднаквост, безбедност и мир.

Тврдењето на ДУИ дека „победникот со победникот од двата етнички табора ќе формира влада“ е некакво партиско договарање заради нелегитимни интереси, но тоа не би било и етнички договор меѓу Албанците и Македонците. Би била восхитувачка ваква меѓуетничка политичка определба меѓу Албанците и Македонците. Политичкото опкружување во * Македонија треба да биде подготвено за вакви интервенции во функција на еднаквост, но не и заради партиски интереси и партиска корист.