Наследникот на Груби заштедил над еден милион и 200 илјади евра на граѓаните

За само една година разлика наследникот на Артан Груби во министерството за односи меѓу заедниците заштедил над еден милион и 200 илјади евра на граѓаните.



Буџетот на Министерството за односи меѓу заедниците кое што сега го води Иван Стоиљковиќ е помал за 60% од тој на неговиот претходник Артан Груби.

Практично за една година заштедени се 1.220.000 евра од парите на граѓаните.

Посебен проблем е што ова министерство е најдобриот пример за тоа што значи фразата ,,Држава без темели” која ја користи премиерот Мицкоски.

Додека министерството го водел сега избеганиот Артан Груби таму немало никакви внатрешни документи односно функционирало надвор од сите процедури, открива Стоиљковиќ.

Повеќе во видеото