Возможно е сами да си го подготвите неизбежниот зачин Вегета.
Овој рецепт е без појачувачи на вкусот или било какви други додатоци кои се штетни.
Идеален е за сите оние кои имаат печка на дрва, бидејќи зеленчукот бавно се суши.
Пробајте и ќе се уверите дека нема разлика во вкусот од онаа која ја купувате во продавниците.
Состав:
-3 средно големи моркови
-2 средно големи парчиња пашканат
-1 мало парче праз
-½ корен од целер
-½ црвен кромид
-2 парчиња лук
-Една шолја магдонос
-1 компир
-густин
-сол
Подготовка:
Измијте го зеленчукот и исецкајте го ситно. Во сад за печење ставете мрсна хартија за печење. Измешајте го зеленчукот и поставете го рамномерно во садот.
За да се исуши зеленчукот, потребни се 10-12 часа, во зависност од печката – некои се послаби, а некои појаки. Во поновите рерни, зеленчукот може да се исуши и за околу 6 часа. Поради ова, од време на време проверувајте ја рерната и сами ќе заклучите кога зеленчукот е сув.
Посолениот исушен зеленчук дополнително иситнете го во блендер или мелница за кафе.





