Оливера Наковска-Бикова го освои осмото место меѓу 25 натпреварувачи во стрелаштво во дисциплината спортски пиштол од 25 метри мешано на 17. Параолимписки игри во Париз, во која заедно се натпреваруваат мажи и жени.
Единствената учесничка од Македонија на Игрите беше и единствена жена меѓу осумтемина финалисти од шесте припаднички на понежниот пол што настапија во квалификациите, во кои 49-годишната битолчанка имаше шести резултат по вредност.
Параолимписката шампионка од Лондон 2012 заврши осма и со воздушен пиштол од 10 м, а в среда ќе настапи и со пиштол на 50 м мешано.






