Половина од Бугарите ќе живеат подобро ако имаат месечен приход меѓу 1.000 и 2.000 лева (500-1.000 евра), а за една четвртина од жителите на главниот град, посакуваниот месечен приход би бил 2.500 евра.
Секој петти Бугарин тврди дека има заштедени пари.
Посакуваната плата во Бугарија е прилично адекватна, со оглед на реалностите на пазарот на трудот, ги коментира агенцијата „Тренд“, податоците од истражувањето направено по порачка на „24 часа“.
98 отсто од Бугарите можат редовно да купуваат леб, додека 60 проценти можат да си дозволат редовно да купуваат месо.
Месните производи се најнепристапни за луѓето над 60 години, како и за оние кои се невработени.
Над 60 отсто од Бугарите во моментот не се задоволни со нивниот животен стандард.
Над половина, или 54 отсто не очекуваат тоа да се промени во следната година.
Позитивни промени очекуваат 21 проценти, а 16 отсто од населението смета дека нивниот животен стандард ќе се влоши, покажува анкетата на „Тренд“ спроведена за „24 Часа“.





