Во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клиничкиот центар – шртви на пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во која ноќеска изби страшен пожарво кој има и загинати, дознава Канал 5
Повеќето од повредените се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.
Поради сериозност на повредите здобиени како резултат на пожарот и вдишување чад дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.
Пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број на блиски и роднини на повредените и на починатите. Општинската организација на Црвен крст прави списоци за утврдување на идентитетот на загинатите лица.






