Тенисерот од Луксембург Жил Милер е најголем победник на почетокот од втората недела на Гренд Слемот во Лондон. Тој имаше многу концентрација во петтиот решавачки сет кој траеше 135 минути и по вкупни 4 часа и 48 минути со 3-2 го елиминира Рафаел Надал кој со тоа ја пропушти шансата да се врати на првото место на АТП листата.
Милер имаше 2-0 во сетови (6-3 и 6-4), а Шпанецот со врати со потполно исто добиени сетови (6-3 и 6-4). Во петтиот сет кој се претвори во испит на сила и концентрација Милер не го испушти својот сервис во 14 случаи, а го доби 28 гем и со 15-13 ја затвори својата најуспешна страница на Гренд Слем турнејата.
“Уморен сум многу, водев со 2-0, а и потоа не играв лошо, но Рафа го подигна нивото и дојдовме до решавачки сет. Таму ме послужи сервисот за што сум пресреќен”, рече 34. годишниот Милер кој е 26. на АТП листата, но кој со настапот во 1/4 финалето во Вимблдон сигурно ќе просперира.
Покрај Милер на машкиот дел од турнирот остануваат Мареј, Федерер, Бердиќ, Чилиќ, Раониќ, Квери и Бердих, а кај девојките во 1/4 финалето одат Халеп, Остапенко, Кузњецова, Рибарикова, Мугуруза, Конта, Венус Вилијамс и Вандејвег.






