Навреда за католиците: Бискуп бара извинување за сликата на Трамп како папа

Американски бискуп јавно побара извинување од американскиот претседател Доналд Трамп за објавувањето на негова слика како следниот папа, генерирана со вештачка интелигенција.



Една недела откако присуствуваше на погребот на папата Франциск, Трамп сподели фотографија од себе облечен во папска облека, генерирана од вештачка интелигенција, на социјалните мрежи.

„Ова е длабоко навредливо за католиците, особено во ова свето време кога сè уште жалиме за смртта на папата Франциск“, рече американскиот бискуп Томас Папроки од американската држава Илиноис во објава на социјалните мрежи.

„Со објавувањето на слика од себе преправен како папа, претседателот Трамп се потсмева на Бога, Католичката црква и Папството“, објави бискупот.