Три дена по средбата во Цариградска патријаршија во Истанбул меѓу бугарскиот патријарх Неофит и вселенскиот Вартоломеј, МПЦ-ОА нема одговор дали му е пренесена пораката од македонската црква за решавање на канонскиот статус, со што бугарската ќе ѝ стане црква-мајка.



Извори за expres.mk во Синодот велат дека уште нема никаков абер дали Неофит разговарал со Вартоломеј и каков е неговиот став.

Според бугарските медиуми, двајцата патријарси се сретнале многу кратко, за време на црковната манифестација на возобновување на бугарската црква Свeти Стефан  во Истанбул.

За барањето на МПЦ-OA воопшто не се пишува.

Поважна, според медиумите во соседна Бугарија, е средбата што истиот ден ја оствариле премиерот Бојко Борисов и претседателот Реџеп Таип Ердоган во Турција, додека придружба на делегацијата биле претставници на БПЦ на чело со Неофит токму заради црквата Св. Стефан.

Македонскиот Синод пред Божик најави дека очекува позитивни пораки од цариградскиот патријарх, но бив сè уште ги нема.