Му го запалиле автомобилот на „Командант Барути“ – приврзаник на Меџити и остар критичар на ДУИ и „нејзините милитанти“

Денес рано изутрината се уште непознат сторител, или сторители, му го запалил автомобилот на скопјанецот Џем Ламалари, поранешен припадник на УЧК, познат под „воениот прекар“ „Командант Барути“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Без цензура“.



Во врска со ова порталот пишува: „Автомобилот, паркиран пред неговиот стан, му е запален намерно. Ламалари го пријавил инцидентот во полицијата и кажал дека во тие моменти спиел. Тој посочил во пријавата во полицијата дека не се сомнева никого посебно и оти немал судири, или проблеми со никого, што би можело да доведе со палењето на неговиот автомобил. Полицијата отвори истрага, за да се расветлат причините и можниот сторител на овој чин.“

Инаку, Џем Ламалари – „Командант Барути“ во овој портал и други медиуми на албански јазик има објавувано критички текстови против  ДУИ и „нејзините милитанти“… На својот фејсбук-профил Ламалари има објавено своја профилна фотографија додека е во друштво со Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, од коалицијата Вреди.