На прес конференцијата со унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто македонскиот шеф на дипломатијата Муцунски објасни од што се води македонската влада во триаголникот Брисел – Киев – Вашингтон.
Откако многумина ја обвинија владата дека со поддршка за резолуцијата на САД во Советот за безбедност на ОН оди контра ЕУ Муцунски ги објасни трите постулати вр кои почива македонската надворешна политика.
Тоа се членството во НАТО, заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и Стратешкото партнерство со САД.
Сите одлуки во овој контекст се носат во рамки на македонските национални интереси посочи Муцунски.
Оваа изјава на линкот
https://x.com/TimcoMucunski/status/1896845630976467007?t=WhASg2bJcYITWlX9MOMLCA&s=19







