Муцунски: Не прифаќаме уцени, ако ЕУ бара европски вредности ќе ги браниме Македонците во Бугарија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски објавува видео со чиста позиција за односот кон малцинските права на ниво на целата унија но и за правата на Македонците во источниот сосед.



Во контекст на барањата на Бугарија за влез на бугарите во македонскиот устав Муцунски вели дека ако ЕУ бара европски вредности и македонските власти имаат право да ги бранат Македонците во Бугарија.

,,Секој компромис треба да соодветствува со реалноста во која живееме и со европските вредности за кои Европската Унија постојано ни зборува.

Кога Европа ни зборува за примена на европските вредности, соодветно е и ние да ги одбраниме позициите на Македонците во Бугарија”, вели Муцунски.

Целото видео на овој линк

https://www.instagram.com/reel/DGIUA2apidh/?igsh=MWp0cXM4OTF3eGdwdQ==