Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера во Брисел бил под силен дипломатски напад на десетина европратеници од Бугарија и Грција кои во акција која според дипломатски извори, наликува дека е координирана, поставувале прашања кои во најголем немаат врска со реалноста во Македонија.
Извори во ЕП од земји пријатели на Македонија велат дека преку прашања – конструкции европратеници од Бугарија и Грција се обиделе да ги презентираат позициите на Софија и Атина во обид да ја прикажат Македонија како проблем а не како конструктивен партнер на ЕУ.
Според изворите во Брисел Муцунски со своите одговори успеал целосно да ги разобличи сите пропагандни прашања на европратениците.
Преку прашањата од бугарски и грчки европратеници се отвориле неколку теми кои се предмет на пропаганда на некои од соседите како на пример случајот со охриѓанецот Кристијан Пендиков кој обвинува дека бил нападнат затоа што е Бугарин а на сите им е јасно дека се работи за лична пресметка.
Дел од пратениците се обиделе меѓу редови да ја оцрнат Македонија и преку инцидентите со палењето на македонското државно знаме на Денот на албанското знаме.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред европратениците во Комисијата за надворешни работи на Евопскиот парламент (ЕП), на прашање за заднината на последните случувања во земјава во контекст на меѓуетничките односи, дал прецизно објаснување.
,,Конкретните случаи во изминатите денови се изолирани и се прашања што произлегуваат од фактот дека конкретна политичка партија не може да прифати дека е во опозиција и во позадина ќе направи сè што може за да провоцира.
Улогата на Владата во вакви случаи, вели Муцунски, не е да политизира, туку да ги реши. Институциите ќе дејствуваат во согласност со домашното законодавство, во согласност со нашиот Устав и нема да дозволиме поединци кои сакаат само да ја зачуваат својата политичка кариера, да ја поткопаат одличната меѓуетничка атмосфера што постои во нашето општество“, рече министерот Муцунски пред европските пратеници во Комисијата за надворешни работи на ЕП.
Предходно во говорот Муцунски зборуваше и за двојните стандарди на ЕУ во процесот на проширување.
Искрен настап на Муцунски во Брисел за македонскиот пат кон ЕУ
Муцунски во ЕП: Кога отстрануваме една пречка, се појавува друга – нефер и длабоко обесхрабрувачка







