Умејр Мухамеди, до пред десетина ден член на кабинетот на Градоначалникот на Скопје од кој се повлече од „принципиелни причини“, го коментира на Фејсбук приведувањето на новинарот Фуркан Салиу.
„Само погледнете ги реакциите на СДС, Левица, Стевче и сите останати вклучени во хајката против ВМРО и сè ќе ви стане јасно. Оваа хајка започна со Стевче и Данела, па ‘Инфомакс’ (оти бараа рекет од градоначалниците на ВМРО и не добија ништо), па се вклучи и Левица (затоа рејтингот им паѓа), во прашање се многу пари, премногу пари. Ептен треба да бидеш наивен да веруваш дека навистина на Апасиев му е жал за Фуркан Салиу. На сите овие треба да им биде јасно дека ВМРО-ДПМНЕ победува, победува со речиси 61 пратеник, победува бидејќи тоа го бара обичниот и чесен народ, народот на кој му беше одземено достоинството од страна на овие без ‘рбет. Штета што Фуркан се вклучи во ова друштво, жално, премногу жално да се сведе на ниво на Мечка, жално е еден одличен новинар како Фуркан да стане објект за политички поени и да биде искористен од страна на СДС и Левица“, напиша Мухамеди на својот профил на социјалната мрежа.





