Гарбине Мугуруза се враќа во финалето на турнирот во Ол Ингланд клубот по две години и в сабота ќе се обиде да дојде до втората победа на големите настани во белиот спорт. Шпанката родена во Венецуела денеска ја совлада Магдалена Рибарикова со 2-0 во сетови (6-1, 6-1), но Словачката не може да биде незадоволна затоа што за прв пат се најде во завршниот квартет на еден вака значаен турнир.




Во второто полуфинале Венус Вилијамс ја победи Јоана Конта со 2-0 (6-4), 6-2) и се најде во своето деветто финале на Вимблдон, а ќе се обиде да дојде до 6-тиот трофеј во Лондон. Венус нема титула од Гренд Слем турнејата од 2008. година, па ова може да биде едно од повпечатливите враќања во светскиот тенис.
Но женското финале е за два дена, а утре ни претстои и машка полуфинална пресметка во која ги нема очекуваните имиња, Надал, Ѓоковиќ, Мареј, па и Вавринка. Се е останато на Федерер, но тој секако нема гаранција дека ќе победи. Негов противник утре е Бердих, а во другото полуфинале се Квари и Чилиќ.