Светиот архиерејски синод на Македонска православна црква – Охридска архиепископија на својата денешна седница донесе одлука да ги продолжи разговорите со Бугарска православна црква, од која бара да ѝ биде црква-мајка.
БПЦ, пак, за барањето на МПЦ-ОА ќе ја извести Вселенска патријаршија по Нова година, кога делегација ќе замине таму на реставрација на нивна црква.
Истовремено, МПЦ-ОА ги реафирмира своите ставови во однос на атрибутите на Македонија, апелирајќи до власта да не се менуваат уставното име на државата, уставната позиција на македонскиот јазик и унитарниот карактер на земјата, како и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.
Портпаролот на МПЦ-ОА, митрополитот деварско-кичевски и плаошки Тимотеј, нагласува дека ги почитуваат правата и на другите етнички заедници, во согласност со Уставот.





