Моќниот член на Судскиот совет Весна Дамева која беше и претседател на ова тело кое ги контролира судиите во Собрание на седница за разрешување дошла со чанта вредна илјадници евра.
На адвокатот Јанаки Митровски чантата од брендот Гучи му личи како за од 5000 до 10000 евра но на сајтот на фирмата цената е пониска.
За Митровски спорно е и во случај Дамева да има оригинал кој вреди илјадници евра но спорно е и ако носи фалсификат.
,,За Весна Дамева сум пишувал многу пати. Немам ништо лично против неа, сум учествувал со неа и на советувања, но се работи за КЛАСИЧНА ПАРТИСКА ИНСТАЛАЦИЈА која доаѓа од правната комисија на СДСМ. И како таква сама треба да е свесна дека политичките околности се променети.
Нешто друго ми фати око. Ова чанта, која по кажување на моја колешка од Јустинијан е Гучи. Ваква Гучи чанта( ако е оригинал) чини 5-10.000 евра кои Дамева не може да ги оправда за чанта, нити верувам дека е доволно луда во Собрание да оди со таква ташна. Или пак е фејк, што пак е повреда на индустриски права, конкретно трговска марка( не е кривично дело бидјеки не ја шитка) но е недолично за член на судски совет да во јавност носи плагијати кои пак се самите предмет на кривично дело”, пишува Митровски кој го користи хаштагот:
#ГучиСудскиСовет.
Според веб сајтот на Гучи чантата чини 3200 долари или отприлика исто толку евра.







