Моќна членка на Советот за безбедност на ОН врши силен притисок врз Македонија

Членката на Советот за безбедност на Обединетите нации Република Кина врши притисок врз претставниците на Македонија, Босна и Херцеговина и четири други земји да не го посетуваат Тајван.



Кина им се заканува со одмазда на политичари и земји кои го поддржуваат Тајван, кој има само неформални односи со повеќето земји поради кинескиот дипломатски притисок, јавува црногорскиот весник Вијести.

Според весникот кинески дипломати вршат притисок врз претставниците на најмалку шест земји, вклучувајќи ги Македонија и Босна и Херцеговина да не присуствуваат на самитот што ќе се одржи во Тајван.

Политичари од Боливија, Колумбија, Словачка, Македонија, Босна и Херцеговина и уште една азиска земја изјавиле за Асошиетед прес дека добиваат пораки, повици и итни барања за состаноци со цел да бидат одвратени од патување во Тајван.

Самитот на Тајван започнува во понеделник, а домаќин е Интерпарламентарната алијанса за Кина, група пратеници од 35 земји загрижени за тоа како се спроведува демократијата од страна на Пекинг.

Агенцијата Асошиетед прес разговарала со организаторите и тројца пратеници и ги разгледала текстовите и е-поштата испратени од кинески дипломати во кои се прашуваат официјални лица дали планираат да присуствуваат на самитот.

„Јас сум Ву, од кинеската амбасада, слушнавме дека добивте покана од IPAC, дали ќе присуствувате на конференцијата што ќе се одржи следната недела во Тајван“, гласела пораката испратена до Антонијо Милошоски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

,,Тие испратија директна порака до претседателот на мојата партија да ме спречи да патувам за Тајван“, изјави Санела Клариќ, пратеник во Парламентот на Босна и Херцеговина.

Клариќ вели дека пораката до претседателот на партијата гласела: „Ќе те посоветувам да не одиш, но не можам да те спречам, треба сам да одлучиш“ и додаде дека „го мрази чувството кога некој ќе се обиде да ја заплаши“.

Кина рутински се заканува со одмазда против политичарите и земјите кои го поддржуваат Тајван, кој има само неформални односи со повеќето земји поради кинескиот дипломатски притисок, пишува медиумот.

Претставници од 25 земји се очекува да присуствуваат на овогодинешниот самит и да одржат состаноци на високо ниво со тајванските претставници, се вели во соопштението за печат.

Ниту министерствата за надворешни работи на Кина, ниту на Тајван веднаш одговориле на барањето на АП за коментар за пораките што потенцијалните учесници на самитот ги добиле во последните денови.