Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски во свој стил го коментира свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, кое остро ги подели тие што го гледале.
„МОРБИДИЈА. Ако сте гледале нешто и во тоа нешто, создадено од ништо, сте ја виделе обезглавената Марија Антоанета како ја држи отсечената глава во рацете, и ако од сето тоа нешто, создадено од ништо, не сте разбрале ништо, немојте да се грижите, бидејќи сето тоа ништо/нешто било само минимален дел од отворањето на Олимписките игри, како впечатлив вовед во уште поновата од претходно новата планетарна ненормална нормалност, идентична со кошмарна морбидност. Единствено така (и никако пионаку!) се тоне сѐ подлабоко и подлабоко, влечени од Светското сидро“, напиша Цуцуловски на Фејсбук.





