Монструозно: Директор на СДСМ ставил во самица човек кој имал операција на срце и сам се вратил во затворот

Монструозна ситуација во штипскиот затвор каде директорот Мики Тодоров, кадар на СДСМ, кој ставил во самица човек кој имал операција на срце и сам се вратил во затворот.



Нечовечката ситуација е сторена кон Александар Јаневски Тошта осуден на 13 години затвор за настаните од 27 април.

Документот со потпис на Тодоров

Богдан Илиевски ги објавува сите детали за монструозниот случај во кој Јаневски може да умре:

ГО КАЗНИЛЕ СО САМИЦА ОБВИНУВАЈЌИ ГО ЗА БЕГСТВО, А ТОЈ БИЛ НА ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕ – САКААТ ЛИ ОД ШТИПСКИОТ ЗАТВОР , КОЈ ГО ВОДИ МИКИ ТОДОРОВ, ТОШТА ДА УМРЕ?

Директорот на штипскиот затвор Мики Тодоров е потпишан на решението со кое на Александар Јаневски ТОШТА му се одредува казна од 14 дена самица за „бегство или обид за бегство“.

Зошто? Затоа што со срцеви проблеми, а во услови кога од затворот не го праќаат иако има упат во специјализирана клиника, додека користи викенд Тошта оди сам во кардиолошко во Охрид каде го задржуваат за да го стентираат.

Тошта НАЈАВУВА во затворот што се случува – дека е задржан на болница за операција и дека нема да може да се врати кога треба да се врати согласно дозволениот викенд. Директорот Мики Тодоров го игнорира ова очигледно, па го водат Тошта како бегалец, кој после стентот сам се враќа во затвор на 25 јануари (пишува во решението!!!).

Па го даваат на дисциплинска комисија како бегалец човеков на кој претходно не му овозможиле основно човеково право на лекување и терапија („немаме луѓе за да ти пратиме да одиш на преглед, кога ќе имаш викенд оди сам“) и му одредуваат 14 дена самица.

Алфа информираше за овој случај на монструозност: https://alfa.mk/so-tri-stenta-na-srczeto-aleksandar-janevski-toshta-osuden-za-27-april-cheka-discziplinska-komisija/

Потпишан е Мики Тодоров кој ви е претходно познат како фраерот за кој Јован Јанев од Левица пријави дека го нападнал во некое штипско кафуле, а исто така и како фраерот кој на Вилијам Михајловски не му дозволувал да остварува средби со девојката во затворот во Штип, што исто така му следува по закон како негово право и за кое Вили зборуваше во емисијата кај мене.

И сега фраерот Мики Тодоров го фрла 14 дена во самица Тошта затоа што бил во бегство – замислете какво бегство – во операциона сала во Охрид каде му вградувале стент. За да не умре.

Јас не знам со каков капацитет на мозок располага Мики Тодоров, но вака на прва, на втора и на трета – не е за машала.

Бидејќи сите сакаат вакви фраери. Законот особено.

п.с. Пред 2-3 недели играа некој циркуз каде Тодоров поднесе оставка, па назначија В.Д. директорка (некоја Тања) која пак му потпиша решение за вработување како воспитувач во затворот, а ене го сега кај пак е потпишан како директор. Што исто така е нешто кое сигурно ќе го интересира спроведувачот на законот.

Поздрав Мики фраеру.