Откако не успеало да и избега на полицијата се самоуби момчето на исчезната македонска актерка Адеа Шабани во Лос Анџелес.
Според холивудските медиуми момчето на Шабани 33-годишниот Кристофер Споц си го одзел животот со неколку куршуми откако не успеал да и избега на полицијата во Калифорнија.
Според извештаите на истражителите, Споц управувал со украдена Тојота за која се претпоставува дека е поврзана со убиството на 25-годишната македонка со албанско етничко потекло Адеа Шабани.
Засега нема информации за судбината на актерката а приватниот детектив на семејството Шабани вели дека потрагата по девојката е се уште активна.

25-годишната Адеа Шабани се води за исчезната од 23 февруари, а американските власти нудат награда од 25.000 долари за корисна информација која ќе помогне за пронаоѓање на македонската студентка.





