Новинарот на Заспиј ако можеш Горан Момироски чека 24 часа Костадиновска – Стојчевска да каже како и каде е осигурана Универзална сала.
Новинарот вчера објави дека од завчера чека одговори на прашањата за осигурувањето на изгорената Универзална сала за која министерката Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека била осигурена.
Вчера цел ден министертвото за култура не му дала одговори на Момироски за оваа тема.
,,Вчера вечер од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и нејзиниот оддел за јавно информирање побарав одговор на неколку прашања. Поминаа од тогаш 20 часа а одговор нема.
Прашањата се во врска со нејзината изјава дека опожарената Универзална сала е осигурана и дека осигурувањето ќе ја надомести штетата. Таа претходно изјави дека министерството е инвеститор на објектот кој според законот има обврска да го осигури објектот во градба.
Прашањата кои се поставени на нејзин пост затоа што кај неа на ФБ не може да се испрати порака, останаа неодговорени цел ден што може да значи дека има некаков проблем”, објави вчера Момироски кој ги користи следниве хаштази:
#(Не)ОсигуранаУниверзалнаСала
#УниверзаленПроблем
#БисераЧекамеОдговори
,,Бидејќи е доцна за да барам од прес службата дали можете да ми одговорите на неколку прашања за Министерството за култура како инвеститор на Универзална сала:
Кога е објавен тендер за осигурување на објектот во градба?
Дали е осигурана од пожар?
Која е компанијата каде е осигуран објектот во градба.
Која е сумата на која е осигурана зградата”, ја праша завчера
Горан Момироски министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.






