Познатиот македонски бизнисмен кој живее во Германија, Роберт Милески, со предлог за решавање на хаосот во државните институции.
„Македонија треба да го послуша Илон Маск и да создаде свој DOGE – Агенција за државна ефикасност (АДЕ)
Се чини како да не поминува ден без друг скандал или приказна да се најде на насловните страници во врска со Илон Маск – искрениот милијардер кој стана десна рака на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја наруши автомобилската индустрија, патувањето во вселената, пристапот до интернет и мобилните мрежи, па дури и начинот на кој луѓето ги плаќаат сметките преку интернет.
Но, замислете дека неговиот следен предизвик е македонската бирократија. Би можел да замислам Маск да влезе во некоја македонска државна институција за да добие ефикасна услуга! Наместо тоа, тој ќе наиде на долги редици, купишта хартија и службеници кои инсистираат дека неговоиот закажан термин не постои или пак во најдобар случај ќе мора да чека уште три часа за да дојде на ред, иако закажал термин во одредено време.
Веројатно би напишал нешто гадно за тоа на X/Twitter и, како што му е наравот, би предложил радикална ревизија.
Па, тоа е токму она што и треба на Македонија: Агенција за државна ефикасност (АДЕ): тело посветено на пронаоѓање, рационализирање и сечење во корен на државната бирократија – затоа што ако има нешто што Македонија знае масовно да произведе, тоа е масивна бирократија.
Државниот апарат е она анахроно чудовиште, сè уште бавно, неефикасно и отпорно на модернизација.
Македонската бирократија, без разлика дали се работи за владини министерства, здравство, судство, локална самоуправа, е едноставно ужас!
Основните услуги се плен на некој кафкијански лавиринт, врзан во јазол од стари системи и непотребни посредници. Според неодамнешни испитувања на јавното мислење, околу 85% од испитаниците во Македонија мислат дека прекумерната бирократија преставува нивен секојдневен кошмар. Вишокот на регулативи ја одвраќа ефективната конкуренција и ги забавува итните структурни реформи.
Слична мрачна слика произлегува од извештајот насловен „Владата на прв поглед“ на ОЕЦД, во кој Македонија е меѓу земјите со најнизок развој на дигиталните јавни услуги.
Во исто време, административните тесни грла ја чинат економијата стотици милиони евра годишно.
Сите сме ги слушнале хорор приказните – луѓе кои чекаат години за судски пресуди, болници кои се дават во документи и дигитални системи кои се чини дека биле изработени во ерата на Windows 95.
АДЕ за Македонија не би бил само практичен акроним; тој би претставувал вистински чинител кој ќе ја промени играта! За разлика од САД, каде што владата може да ја прикрие неефикасноста со затскривање преку спинови и односи со јавноста, иако и ние сме многу добри во тоа, сепак во малата Македонија значи дека проблемите се поочигледни.
Целиот текст прочитајте го тука.





