Се плаши ли Австриецот што бара ЕУ санкции за Македонија дека може да биде гонет за криминалот во ФИТР.
Ова прашање се наметнува откако на Велигден Гунтер Ферлингер побара ЕУ санкции за Македонија затоа што во ОН гласала на страната на САД за резолуција за Украина.
Гунтер Ферлингер во 2018 година од страна на владата на Зоран Заев во која беа СДСМ и ДУИ бил именуван за член на Kомитет за одобрување на инвестиции во ФИТР од каде добивал сериозни суми на пари за својата работа.
Дали Ферлингер претпоставува дека и тој може да биде гонет за криминалот во ФИТР каде што учествувал во изборот на компаниите добитници на десетици милиони евра државни пари засега нема информации.
Австрискиот наводен експерт засега молчи за неговиот ангажман при одобрување на проекти во Фондот за иновации и технолошки развој.
Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР во кој членувал човекот кој сега бара санкции од ЕУ за Македонија го сочинувале 5 членови, кои биле избрани и именувани од Владата на Република Македонија во времето на СДСМ и ДУИ.
Како член на Комитетот Ферлингер ги разгледувал и ги одобрувал предлог-проектите доставени до него за сите инструменти за поддршка на Фондот. Членовите на Комитетот биле избирани од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност.
Во случајот со ФИТР оштетен е буџетот на државата за 3, 2 милиони евра. Средствата ги злоупотребиле околу 60 компании од градежништвото, информатиката, здравството и од други дејности, кои добиле проекти од Фондот за иновации и технолошки развој, што се покажале како фантомски. Тоа го утврдила ревизијата , спроведена за работата на Фондот, во изминатите 5 години, објави во Декември сегашниот директор на Фондот.
Доколку Ферлингер знаел дека дава пари на непостоечки фантом компании тој може да се соочи со долгогодишна казна затвор.
Ферлингер во Неделата побара ЕУ да си стави санкции на Македонија
Бил дебело платен од владата на СДСМ и ДУИ а на ден Велигден тргна против Македонија
Австриец консултант на Заев во криминалниот ФИТР бара санкции од ЕУ за Македонија





