Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека шест земји од Западен Балкан можат да се приклучат на ЕУ до 2019 година.
„Не мислам дека во иднина ЕУ ќе има 27 земји членки, сметам дека тие ќе бидат повеќе“, рече Могерини вчера во интервју за телевизијата „Еуроњус“.
„И кога велам дека по две години, кон крајот на нашиот мандат, ќе постигнеме напредок во односите со шесте земји од Западен Балкан – напредок, кој нема да може да биде ставен под сомневање – зборувам сериозно. Јас навистина верувам во тоа“, изјави Могерини.
Според неа, ЕУ има интерес Западен Балкан да стан дел од европското семејство, од причини поврзани со безбедноста и економијата.
Се разбира, прво треба да се извршат сите потребни реформи: во општествата и во работата на политичките институции треба да бидат извршени сериозни промени.
Шефовите на државите и граѓаните во регионот се подготвени за ова, истакна таа.





