Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ќе ги покрива трошоците за одбрана на Македонската Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) – политичката партија која ги застапува правата на Македонците во Албанијакоја е тужена од страна на бугарска ултра-националистичка организација.
МАЕИ ја обвини бугарската организација „Бугарска меморија“ дека нејзина цел е да го избрише македонското малцинство во Албанија, како и македонската нација во целина.
ММДЧП и МАЕИ ја повикуваат македонската заедница ширум светот да се обедини во одбрана на македонското малцинство во Албанија и на нашата заедничка македонска кауза така што ќе донираат тука: https://mhrmi.org/donations
Организацијата која што ја тужи МАЕИ е таканаречената фондација „Бугарска меморија“,која изгради криминална структура со цел присилино да ги асимилира Македонците во Албанија, да ги фалсификува резултатите од пописот, да учествува во нелегални активности во врска со бугарските пасоши и да издава лажни потврди за бугарско потекло.
МАЕИ повеќе пати од албанските власти побара да се забранат нелегалните активности на фондацијата „Бугарска меморија“ и нејзините напади врз македонските права, и токму тоа е причината зошто се најдоа предмет на тужба.
Бугарската Влада во целост ги насочува и финансира овие напади.
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права повторно застана во одбрана на Македонците и заедно со МАЕИ, го повторува нашиот повик до Македонците ширум светот да го сторат истото. Донирајте тука: https://mhrmi.org/donations
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година.
За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија






