Завршница на подготовките на македонската машка младинска репрезентација која денеска замина за Катар на пријателски средби со кои ќе се изнивелира формата за Светското првенство. Со домаќинот кој исто ќе игра на мундијалот утре и в среда имаме контролни средби, по што в четврток се враќаме, а потоа не очекува пат за Алжир.



На младинскиот мундијал тргнуваме преку викендот зошто на 18 јули го играме првиот меч со Русија. Потоа до 24. овој месец во рамките на групата Ц се среќаваме и со Буркина Фасо, со Тунис, Шпанија и Бразил во обид да бидеме меѓу првите 4 селекции и да се најдеме во 1/8 финалето.