Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, ќе излезе од затвор во декември оваа година, четири месеци порано, откако Апелација ја уважи неговата жалба по предметот „Империја“ и го врати на повторно судење. Одлуката денеска ја соопшти Кривичниот суд.
Мијалков за случајот „Империја“ доби три години затвор, откако се спогоди со обвинителството.
„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа.Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“, објави Кривичен суд.
На Мијалков како дел од спогодбата за Империја му беше одземен имот вреден околу 30 милиони евра.





