Продолжуваат притисоците од Грција. Премиерот Мицотакис изјавил дека бил во „состојба на готовност“ по изборите во Македонија и победата на ВМРО-ДПМНЕ која предизборно го користела името „Македонија“.
„Со загриженост ги гледам изјавите на функционерите на ВМРО. Со интерес ќе го чекам официјалниот став на идниот премиер за да видам како ќе се повика на името на својата држава“, рече Мицотакис и додаде дека тој лично не се согласувал со Договорот од Преспа и особено со агресивното дефинирање на македонската нација и јазик.
„Истите барања постојат и сега од новото раководство на Северна Македонија. Сакам да се надевам дека она што се слушна пред изборите нема да биде официјален став на новата влада по изборите. Затоа што ако тоа се случи, ќе имаме проблеми“.





