Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со ракција на заклетвата на претседателка  Гордана Силјановска-Давкова која својата земја ја нарече „Македонија“ наместо нејзиното уставно име „Северна Македонија“.



Тој предупреди дека натамошните прекршувања на договорот за името потпишан меѓу двете земји може да ги загрозуваат амбициите на Скопје за членство во ЕУ.

„Провокативната одлука на новата претседателка на С. Македонија да го прекрши официјалниот текст на нејзината заклетва и да ја нарече својата земја со друго име, претставува незаконска и неприфатлива иницијатива. Тоа го прекршува Преспанскиот договор и уставот на нејзината држава. Тоа, исто така, ги поткопува неговите идни перспективи“, рече Мицотакис во објавата на социјалните мрежи напишана на грчки денеска, пренесе Катимерини

„Добро е познато дека како опозиција, Нова демократија гласаше против договорот од 2019 година. Всушност, тогаш предупредуваше за проблемите што ќе ги создадат нејзините недостатоци.

Сепак, како влада го почитувавме грчкиот потпис на меѓународен договор што ја обврзува земјата. За жал, неодамнешниот развој ја потврдува нашата постојано претпазлива позиција“, напиша грчкиот премиер.

„Грција ги отфрла маневрите како оние со кои г-ѓа Силјановска го инаугурираше својот мандат. [Грција] ја повикува да се врати на нејзините законски должности и однесувања што доликуваат на нејзината улога.

Категорично изјавуваме дека нема да прифатиме слични грешки. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависи од искреното придржување до договорите, од правилната употреба на уставното име на соседната земја и, секако, од избегнувањето на провокации“, рече тој.