Како Влада мора да работиме да го заштитиме стандардот на граѓаните и да ги подобриме услугите кои ги добиваат. Токму тоа е причината што се обидуваме да внесеме трет мобилен оператор на пазарот. Сега е само на ниво на интерес и информација и немаме никаков конкретен чекор, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
– Доколку има некаков конкретен чекор, јавноста ќе биде благовремено информирана, но мора да го почнеме овој процес за да го заштитиме граѓанинот од овој дуопол којшто во моментот е на пазарот кај нас и грчевито ќе се бори да ја задржи оваа ситуација на дуопол и тоа ни е јасно. Настрана што е целосно партизиран и октруиран во раководството од страна на некои минати влади коишто во минатите 7 години жестоко влијаеја во кадровската политика кај овој дуопол, ние мора да работиме на тоа да го заштитиме стандардот на граѓаните и услугите коишто ги добиваме. Нема да се откажеме како Влада, ниту јас како претседател на Влада од тоа да го заштитам стандардот на граѓаните и да добиваат вистинска услуга онаква каква што заслужуваат граѓаните во 21 век – рече Мицкоски.





