Мицкоски: Јован Костадинов е херој на кочанската трагедија и симбол на новата генерација за човечката достоинственост

„Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност.“нагласи на фејсбук претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.



Премиерот на општествената мрежа натаму истакнува: Со само 19 години Јован влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат. Јован не е само херој на оваа трагедија, туку тој е симбол на една нова генерација, која знае да направи разлика. Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи.

Бев информиран дека ќе му биде доделена стипендија на Јован Костадинов, како знак на признание за неговата храброст и човечност. Алкалоид, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и ги вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот.

Јован е светла точка во деновите на темнина. Неговото име ќе остане запаметено, а неговиот пример треба биде уште поголема инспирација за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија. – порача преку општествената мрежа претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски