Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери.
На примопредавањето во Владата, Мицкоски и Џафери имаа кратка средба, без изјава за медиумите.
,,При официјалното примопредавање на премиерската должност на новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски му посакав успешна и ефикасна работа во интерес на сите граѓани.
Ги нагласивме слободните, фер и демократски избори како додадена вредност на евроинтеграциите.
Искажав надеж дека политичките субјекти ќе покажат високо ниво на политичка свест и отвореност за соработка за стратешките приоритети на државата.”, напиша Талат Џафери на Фејсбук.






